Противпожарен аларм ја прекина серијата на Пешевски со Кил

Натпреварот од Купот на Германија меѓу Штутгарт и Кил е прекинат кон средината на второто полувреме, откако беше вклучен противпожарниот аларм во салата во Штутгарт.

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски играше одличен натпревар, имаше постигнато четири погодоци од исто толку обиди, но неговиот тим во моментот на прекинот беше во негатива од 19-22.

Како што јавуваат германските медиуми, по палењето на алармот сите навивачи ја напуштиле арената, а ракометарите на двата тима се сместени на сигурно.

Се вчитува...