Прстенот пред парите: Лејкерс пред потпис со нов центар

Актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа во незгодна ситуација по повредите на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс. Тимот од „градот на ангелите“ се наоѓа во серија од три порази во низа, па ќе се обиде да ги искористи последните денови од трансфер периодот и со своите редови да го доведе Андре Драмонд.

Центарот кој во моментот е под договор со Кливленд, се наоѓа во Лос Анџелес и чека разврска на целата ситуација со својот матичен клуб, од каде се очекува да замине со раскин на договорот. Како што пренесуваат медиумите „преку барата“, Драмонд е подготвен да се откаже од нешто повеќе од 28 милиони долари за минимален договор со Лејкерс со цел да стигне до „прстен“ во лигата.

Кливленд на почетокот на сезоната преку „трејд“ во своите редови го доведе Џеред Ален, перспективен 22-годишен центар кој го зема местото на Драмонд, па Кавс нема да имаат преголеми проблеми да се откажат од финансискиот товар кој го носи искусниот играч.

Се вчитува...