Прв гол на Руни по враќањето во Англија (видео)

Вејн Руни вечерва го постигна својот прв погодок во дресот на Дерби во Чемпионшип-дивизијата, откако легендарниот голгетер на почетокот од годинава се врати на „островот“ по неколку години минати во американската МЛС-лига.

Тој имаше и многу среќа, откако неговиот удар од работ на шеснаесетникот закачи еден фудбалер на Лутон и заврши во мрежата, носејќи му водство на Дерби од 0-1.

Првиот гол на Руни не значеше и целосна радост за Дерби, со оглед на фактот дека овој тим до крајот на мечот прими три гола и загуби со 3-1, останувајќи на разочарувачкото 16. место на табелата.

Се вчитува...