Прв играч на трансфер листата во „ерата на Чави“

И покрај финансиската криза во Барселона, „Каталонците“ се надеваат дека ќе успеат да донесат некое засилување во јануарскиот преоден рок за да ја спасат оваа за нив лоша сезона. За таа цел новиот тренер Чави е подготвен да се откаже од неколку играчи, а „Мундо Депортиво“ пишува дека прв кој ќе оди на трансфер листа е десниот бек Сержињо Дест.

Дест не е во плановите на Чави, и тоа е евиндентно, со оглед дека не добива шанса кај новиот стратег, со што според пишувањата, Чави побарал да биде продаден во јануари. Барселона се надева дека од него ќе заработи 30 милиони евра за да тргне по нови имиња. Исто така се шпекулира и со продажба на Марк Андре Тер-Штеген. Голманот кој што после повреда не повеќе истиот, е на пат да замине од таборот на Барса, а веќе се шпекулира дека негова замена ќе биде Илјан Меслие од Лидс.

Исто така се очекува уште неколку играчи да ја напуштат Барселона, а појасна слика ќе се има на крајот од сезоната кога сигурно ќе замине Лук Де Јонг (ќе се врати во Севилја), а Жерард Пике најави крај на кариерата. Барса остана и без Кун Агуеро кој поради проблеми со срцето предвреме ќе ја заврши кариерата.

Се вчитува...