Прв пат по повеќе од 25 години најдобар одбранбен играч на НБА лигата е бек

Маркус Смарт е изборот на НБА лигата за најдобар дефанзивен играч на сезоната со што кошаркарот на Бостон стана првиот бек по 26 години кој стигнал до вакво признание. Последното му припадна на Гери Пејтон во 1996 година кога со Суперсоникс играше финале против Чикаго на Мајкл Џордан.

Во изборот доби 257 водови и 37 гласови за првото место пред Мајкл Бриџис од Феникс кој освои 202 бода. Третото место му припадна на трикратниот победник на наградата Руди Гоберт (136 бода), додека листата на првите пет ја комплетираат Бен Адебајо и Џерен Џексон Џуниор.

Се вчитува...