Прв пораз за ПСЖ во првенството на Франција

Заврши серијата на фудбалерите на Пари Сен Жермен без пораз во францускиот шампионат. Стразбур е тимот кој прв успеа да го земе скалпот на „светците“, победувајќи ги со 2-1 пред своите гледачи.

Да Коста донесе водство за домашниот тим во 13.минута, а Килијан Мбапе израмни пред крајот на првиот дел.

Иако сите очекуваа ПСЖ во вториот дел да наметне своја игра и да забележи нов триумф, сепак, Стразбур направи големо изненадување. Бахокен во 65.минута беше стрелец на победничкиот погодок за Стразбур на овој дуел.

Се вчитува...