Прв потег на Ираола: Договорено засилување за 58 милиони евра

Ливерпул почна да го обновува тимот за следната сезона, а новиот тренер Андони Ираола наводно веќе го идентификувал еден од главните кандидати за засилување на одбраната.

Според информациите што доаѓаат од Англија, централниот бек на Барнли, Максим Естев, е на врвот на листата на желби.

Францускиот дефанзивец привлече внимание со одличните настапи, а неговите игри не останаа незабележани дури ни меѓу клубовите од врвот на англискиот фудбал.

Ливерпул бара нови решенија во задната линија по заминувањето на Ибрахима Конате, поради што доведувањето на квалитетен стопер е поставено меѓу приоритетите.

Се вчитува...