Прв позитивен и во Аталанта: Марко Спортиело заболе од коронавирус

Италијанскиот калчолигаш Аталанта ја извести јавноста дека во тимот се појавил првиот случај на заболен со коронавирус. Се работи за голманот Марко Спортиело.

„Сакаме да информираме дека здравствените власти денеска не известија дека во тимот има позитивен на тестовите на Covid-19. Тоа е голманот Марко Спортиело. Засега тој не чувствува никакви посериозни симптоми. Но, заминува во изолација исто како и останатите фудбалери на Аталанта“, соопштија од италијанскиот фудбалски клуб.

Се вчитува...