Прв триумф на гости за Кристал Палас

Кристал Палас ја оствари првата победа на гостински терен оваа сезона, совладувајќи го Лестер на гости со 0-3. Последниот гостински триумф овој тим го имаше на 23.април против Ливерпул, во рамките на претходното првенство од Премиер – лигата. Но, со доаѓањето на Рој Хоџсон, очигледно дека работите во тимот почнаа да функционираат многу подобро, па Кристал Палас стигна до втор триумф во низа.

Кристијан Бентеке во 19.минута го отвори резултатот, а Вилфрид Заха пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2. Во судиското продолжение од мечот, Бакари Сако го постигна третиот гол за Кристал Палас, за убедлива победа на овој меч.

Се вчитува...