ПРВА ЛИГА: „Пеналијада“ во Струга и победа на лидерот, Брегалница триумфално од Кратово (ВИДЕО)

Се одиграа сите натпревари од 22. коло, во кое дербито го доби тимот на Струга ТЛ кој направи предност од четири бода на првото место. „Шок терапијата“ со тренерската смена и со назначувањето на Шпетим Дуро даде резултат. Совладан е тимот на Шкупи со 2-1, со два пенали. Најпрво Буњамин Шабани во 23. минута донесе водство, а потоа во 89. минута Бесарт Ибраими беше сигурен изведувач на ударот од белата точка за зголемување на водствово и конечни 2-0. Алварез во 98. минута исто така од белата точка само го намали резултатот.

Шкендија убедливо славеше над Работнички, и остана во трката за титулата во македонската Прва лига. Цаке уште во 10. минута донесе предност за тетовци, а Милев до полувремето зголеми на 2-0. Мујезиновиќ во 82. минута и трет пат стрелаше во мрежата на „романтичарите“, а Рушевиќ само успеа да намали во финишот.

Брегалница „владее“ со истокот откако сред Кратово го совлада тимот на Силекс. Кратовци со тоа ја прекинаа низата од две победи по ред (над Шкупи и Победа). Ѓоргиев во првиот дел погоди, а во вториот стрелаше и Калпачки за вредна победа на штипјани со која остануваат во трката за излезот во Европа. Силекс во финишот само успеа да го намали резултатот со голот на Стојчевски.

Сигурна победа и на Академија Пандев во дуелот со Победа од 3-0. Ѓоргиевски уште во 2. минута донесе предност за домашните, која ја зголеми Велиновски во 70. минута, а Врдољак во 72. минута го постави конечниот резултат.

Мирсад Јонуз на дебито на Скопје дојде до еден бод во дуелот против Македонија ЃП. „Лавовите“ иако важеа за фаворити, сепак, во финишот ги „прокоцкаа“ трите бода и му дозволија на домашниот тим да дојде до бод. Автоголот на Најдоски уште во 1. минута донесе водство за избраниците на Бајрами, а во 94. минута израмни Скопје преку Хајдари.

ПМФЛ, 22. КОЛО:

СТРУГА – ШКУПИ 2-1
Шабани 23′ (п), Ибраими 89′ (п) – Алварез 90+8′ (п)

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА 3-0
Ѓоргиевски 3′, Велиновски 70′, Врдољак 72′

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 3-1
Цаке 10′, Милев 28′, Мујезиновиќ 82′ – Рушевиќ 90′

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Хајдари 90’+3 – Најдоски 1′ (аг)

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 1-2
Стојчевски 90′ – Ѓорѓиев 40′, Калпачки 49′

ТИКВЕШ (слободен)

Се вчитува...