Прва лига: По пет одиграни кола само еден непоразен, хаос на дното на табелата

Пет кола се зад нас од елитното македонско кошаркарско првенство по кои единствен непоразен тим останува Гостивар. „Сино-белите“ одиграа одлично на отварањето на сезоната во која забележаа победи над Пелистер, МЗТ Скопје, ТФТ, Работнички и Академија ФМП, потврдувајќи ги најавите дека нема да биде изненадување да „паднат“ аба-лигашите.

Високо на табелата е и Феникс 2010 кој продолжи со одличните претстави на терените и во новата сезона. Избраниците на Денис Дервишевиќ загубија само еден натпревар на стартот на сезоната, стојат „рамо до рамо“ со МЗТ Скопје и Пелистер и засега се на добар пат да изборат место кое води во разигрувањето за титула.

Средината на табелата ни донесе израмнета битка помеѓу четири тима (Еуро Никел, ТФТ, Кожув и Чаир 2030), меѓу кои блага предност имаат кавадарчани со еден триумф повеќе, а на дното на табелата со само една победа се наоѓаат Куманово, Академија ФМП, Струмица и Работнички од кој се очекува со новите засилувања брзо да фати учинок кон повисоките позиции.

Се вчитува...