Прва лига – ПОД ЛУПА: Фудбал без дистанца, бурно во Струга…, Борец и Пелистер не се предаваат

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 21. КОЛО

Шкупи со победата над Силекс покажа дека нема така лесно да се предаде во битката за титулата. Ќе биде интересно на врвот, но уште поинтересно во трката за опстанок. Академија Пандев извојува значајна победа против Македонија ЃП, а Борец покажа дека и покрај сите проблеми нема така лесно да се откаже од желбата за останување во Првата лига. Како и Пелистер!

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ремзифаик Селмани (Ренова)

Селмани одигра одличен натпревар во победата на Ренова над Вардар од 3-0, постигнувајќи два погодоци а и асистирајќи прекрасно на Шефити за првиот гол на „гипсарите“. Одличниот напаѓач го одигра можеби и најдобриот натпревар сезонава во ПМФЛ против најтрофејниот македонски клуб.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Борче Христов (Борец)

И покрај сите проблеми со кои се соочува Борец, Борче Христов одлично ги води велешани во пролетниот дел од сезоната. Откако минатото коло останаа непоразени против Македонија ЃП, овојпат Борец дојде до многу важен триумф против Беласица. Борче Христов успеа за краток период да го стабилизира тимот по големите турбуленции кои го зафатија по заминувањето на главниот спонзор, Кочо Анѓушев.

=======================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Погодок или не за Пелистер?

Крајно мирниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Пелистер во 21. коло од ПМФЛ, заврши тензично со многу нервоза и вербални напади кон главниот судија откако Пелистер дојде до победа во 90. минита со погодокот на Иван Пејаковиќ. Но, сето тоа наиде на жесток револт кај домашните кои сметаа дека имаше прекршок над нивниот голман. Пејаковиќ успеа несигурната реакција на домашниот голман да ја искористи со отурнување на топката од рацете на Ѓуриќ во мрежата на Струга ТЛ…


=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Марјан Радески (Ак. Пандев)

Повремениот репрезентативец на Македонија, Марјан Радески со прекрасен погодок ја најави победата на Академија Пандев над Македонија ЃП. Радески одлично биеше со глава успевајќи да го совлада голманот на „лавовите“.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Фудбал од дистанца, без дистанца!

 

Се вчитува...