Прва лига – ПОД ЛУПА: Шкендија се двои, тешка битка за опстанок, Пелистер ги погоди засилувањата

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 20. КОЛО

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Омар Гоудиаби (Пелистер)

Сенегалецот Омар Гоудиаби е најзаслужниот за триумфот на Пелистер од 3-1 против Ренова. Најпрво постигна убав погодок по спринт од 50 метри, а изнуди и пенал по кој Маневски ја најави победата на битолчани.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Димитар Капинковски (Пелистер)

Младиот стратег го препороди битолски Пелистер. Битолчани имаат позитивна низа уште од крајот на есенскиот дел, а сега заокружена со убедливата победа против Ренова, директниот ривал за опстанок во лигата.

=======================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Пенал или не за Силекс?

Натпреварот меѓу Работнички и Силекс заврши без победник (1-1). Се чини кратовци беа оштетени за пенал, при резултат 0-0 кога пред самиот крај на првиот дел капитенот Димовски проби по левата страна, но неговиот обид кон голот на домашните беше сопрен од страна на Грозданоски, кој со рака ја отстрани опасноста…

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Арменд Алими (Шкендија)

Шкендија дојде до потежок од очекувањата триумф од 2-1 против Вардар. А творец на триумфот беше Арменд Алими со прекрасниот гол од слободен удар во второто полувреме.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Фудбалски „букет“…

Се вчитува...