ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Достаниќ дебитираше со триумф, Силекс го освои Тетово… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 19. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-2)

Миловановиќ 5′ – Алими 22′, А. Ибраими 55′(п)

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ (2-0)

Бајрами 80′, Исени 90’+2

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС (0-1)

Мустафов 45′

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Тошевски 35′

ВЧЕРА

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Тетово каде Силекс ја победи Ренова!
  • Крај и на дуелот во Струга. Работнички, на дебито на Ратко Достаниќ на клупата, триумфираше со Струга ТЛ!
  • Крај на натпреварот на Чаир. Победа на Шкупи!

ШКУПИ – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 90’+2 – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Бесар Исени и дефинитивно ја осигурува победата на Шкупи на стартот од пролетната сезона!

РЕНОВА – СИЛЕКС (0-1)

85′ – Кадриу во одличен продор, избива сам пред гостинскиот голман, шутира откосо од 12 метри ниско по земја но за малку покрај десниот дирек

ШКУПИ – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 80′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Муарем Бајрами носи предност за чаирчани

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

72’ – Струга Трим Лум напаѓа, меѓутоа Работнички умешно го брани минималното водство

РЕНОВА – СИЛЕКС (0-1)

65′ – Одлична шанса за Ренова. Миовски се ослободи од своите чувари, шутираше од 15 метри но само за малку топката профучи покрај десниот дирек од голот на Силекс

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

53’ – Таири изведе корнер, но Шишковски немаше проблеми да ја фати топката во петерецот

ПОЧЕТОК НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД 19. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Крај на првото полувреме на останатите на три натпревари од 19. коло во ПМФЛ!
  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО СТРУМИЦА. Победа на Шкендија од 1-2 против Академија Пандев

РЕНОВА – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Евро-гол на Бурхан Мустафов кој од 25 метри со волеј удар прекрасно погодува под гредата од голот на Ренова!

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 35’ ГОООООЛ за Работнички. Убава акција на Работнички, Шаркоски шутираше кон голот, нога постави Давид Тошевски и ја погоди мрежата на Струга ТЛ

РЕНОВА – СИЛЕКС (0-0)

28′ – Одлична шанса за Ренова. Гавазај Алуш од 12 метри шутира, но откако беше совладан гостинскиот голман, Драшковиќ спасува на самата гол линија

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-2)

68′ – Одличен обид на нововлезениот Сашко Пандев од околу 25 метри, но за малку над гредата од голот на Шкендија

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

15’ – Себастијан Херера шутира од 30 метри, над голот на Струга ТЛ

РЕНОВА – СИЛЕКС (0-0)

!!! – 15′ – Силекс не реализира удар од белата точка. Голманот на Ренова, Адеми го брани шутот од пенал на Костовски!


АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Оправдано досуден пенал за гостите по стартот на Димов врз Бесарт Ибраими. Успешен реализатор од белата точка – Агим Ибраими!


АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

52′ – 100% шанса за Академија Пандев. По нафрлувањето од левата страна, Дориев на пет-шест метри пред голот на гостите но од одлична позиција шутира непрецизно над голот на Шкендија

  • ПОЧЕТОК И НА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕЧА ОД ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО…

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

47′ – Огромна шанса за Шкендија. Нововлезениот Самир Фазли не успеа да реализира од само пет метри пред голот на „пандевци“

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО СТРУМИЦА….

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

45′ – Обид на Алими со шут од 25 метри, но над голот на Академија Пандев

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

35′ – Одличен обид на Арменд Алими директно од слободен удар од 18 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Академија Пандев

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 22′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен центаршут од десната страна на Агим Ибраими, а Алими од 7-8 метри со глава осамен пред голот на „пандевци“ сместува во мрежата на Чубраковиќ

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

20′ – Шкендија постојано во иницијатива, но без посериозни шанси за загрозување на голот на домашните

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Брз контранапад на домашните, кикс на гостинската одбрана а топката доаѓа до Миловановиќ кој од 12 метри ниско по земја стрела за водство на струмичани


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ ВО СТРУМИЦА МЕЃУ АК. ПАНДЕВ И ШКЕНДИЈА….

  • Познати се составите за дерби пресметката меѓу Академија Пандев и Шкендија во Струмица… Во тимот на Шкендија ги нема засилувањата, францускиот младински репрезентативец Абубакер Ес Сахал, Бразилецот Нето…, но и Далку кој ќе отстуствува поради повреда

======================================================================================

Првото пролетно коло од ПМФЛ почна со вчерашната победа на Вардар против Македонија ЃП. Денеска, дербито на колото се игра во Струмица каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија. Интересно ќе биде и во Струга каде Работнички гостува на Струга ТЛ.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...