ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија со два гола во финишот го скрши отпорот на Ренова (ФОТО + ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 6. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (1-2)

Исени 71′ – Цветановски 11′, Мицевски 60′(п)

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-2)

Алими 86′, Б. Ибраими 91′(п)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

Марковиќ 63′

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ (3-0)

Серафимовски 18′, Костовски 43′(п), Ивановски 79′

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Крај на натпреварите во Тетово и на Чаир. Гостински победи на Шкендија и на Вардар!

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 91′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Пенал за Шкендија, по еден контранапад и додавање од Ибраими, фаулиран во шеснаеаетникот беше Фелипе. Бесарт Ибраими умешно го испрати голманот на погрешна страна, пласирајќи ја топката во мрежата

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 86′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Шампионот доаѓа до предност во Тетово со прекрасниот гол на Алими кој погоди со шут од 25 метри, иако топката и зафати еден одбранбен играч на Ренова пред да заврши во мрежата

ШКУПИ – ВАРДАР (1-2)

1-2 – 71′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлична акција по десната страна на Дембо кој асистира пред голот на Вардар до Бесар Исени на кого не му е тешко од 5-6 метри да стрела во мрежата на Гачевски

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлична акција на „романтичарите“, Марковиќ по десната страна во шеснаесетникот на гостите шутира од десеттина метри за водство од 1-0

ШКУПИ – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 60′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Дарко Мицевски прецизно стрела од белата точка за водство од 0-2

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

55′ – Зицер за Шкендија, Радески излезе очи в очи со домашниот голман, кој успеа да спречи водство на шампионот

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

!!! – 48′ – Работнички пропушти огромна можност да дојде до предност. Марко Јовановски го одбрани ударот од белата точка на Марковиќ

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 6. коло во ПМФЛ…
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ… По првите 45 минути, предност само на Вардар на гостувањето против Шкупи, и на Силекс против Борец во Кратово

СИЛЕКС – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 43′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кристијан Костовски од пенал носи зголемено водство за домашните

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

37′ – Одлична шанса за Работнички. Младиот Давид Тошевски во брз контранапад, шутира откосо од 16 метри но за малку покрај голот на гостите

СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

36′ – Убава шанса за Струга ТЛ. Кировски откосо шутира ниско по земја, но за малку покрај десниот дирек од голот на „пандевци“

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

35′ – Одлична шанса за Шкендија, по центаршутот на Жуниор од десната страна, топката на вториот дирек стигна до Алими, но капитенот на тетовци биеше слабо со глава. Во игра кај Шкендија влезе репрезентативецот Марјан Радески

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

32′ – Шут и на Фернандо Аугусто од 25 метри, и повторно сантиметри покрај левиот дирек од голот на Шишковски

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

25′ – Што промаши сега Ренова… По едно одлично двојно проигрување Садики втрча во шеснаесетникот, го мина и голманот на Шкендија и кога требаше да ја смести топката во мрежата – се посрамоти.

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

25′ – Сенегалецот Гудиаби убаво се проби по левата страна, шутираше откосо но Гачевски брани исфрлајќи во корнер

СИЛЕКС – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Виктор Серафимовски носи предност за Силекс на мечот во Кратово

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

20′ – Одличен шут на Едуардо Карваљо од 20 метри, но за малку покрај левиот дирек од голот на домашните

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 23′ – Спорна ситуација во Тетово. По едно двојно додавање Нафиу втрча во шеснаесетникот на Ренова, беше соборен од задгрб, но судијата не покажа кон белата точка

ШКУПИ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Извонреден шут на Матеј Цветановски од 12 метри и топката од гредата завршува зад гол линијата од голот на домашните

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

9′ – Прва вистинска шанса за домашните. Исени шутира убаво од 16 метри но за малку над голот на Гачевски

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-0)

8′ – Огромна шанса за Ренова. По еден шут откосо голманот на Шкендија кратко ја одби топката, таа дојде до осамениот напаѓач на домаќините, но еден од дефанзивците на Шкендија ја отстрани опасноста пред самата гол-линија.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 6. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Изненадувачки, Шкендија е без Агим и Бесарт Ибраими во стартниот состав за тетовското дерби против Ренова. Агим ибраими воопшто не е во составот на тетовци, а Бесарт Ибраими е на клупата

======================================================================================

Во 6. коло од ПМФЛ, дербито се игра на Чаир каде Шкупи е домаќин на Вардар, а лидерот Академија Пандев гостува против Струга Трим Лум.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...