ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Реми во Кратово, Работнички до пресврт победа со Шкупи (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 20. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Блажевски 90’+10

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-1)

Тошевски 52′, 77′ – Исени 39′(п)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (2-0)

Миовски 26′, Кадриу 57′

ВЧЕРА

БОРЕЦ – ВАРДАР 0-1

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-1)

87′ – Поради меѓусебен судир црвен картон за Милош Тошески кај Работнички и Мухарем Сухељ кај Шкупи

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

85′ – Неверојатна шанса на Шкендија. Во два наврати гостите во само десет секунди го погодуваат дирекот од голот на Силекс, но резултатот останува непроменет!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 77′ – ГОООООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Идентичен гол на „романтичарите“ како при израмнувањето. Повторно Петковски по левата страна продира, го пронаоѓа Тошевски пред голот на Шкупи кој мајсторски погодува за пресврт

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

73′ – Глишиќ се обиде од слободен удар, од околу 20 метри, но за малку покрај десниот дирек од голот на Работнички

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

70’ – Шкендија се обидува да дојде до водечки гол во Кратово, но не може да создаде стопроцентна шанса

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

65′ – Дембо во 100% шанса за Шкупи. Изби сам очи во очи со домашниот голман, шутира од 16 метри но Шишковски брани

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (2-0)

2-0 – 57′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Флорија Кадриу погодува за Ренова за водство и од 2-0

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 52′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлична акција на „романтичарите“, длабочинска топка до Петковски кој извонредно асистира до Тошевски на кого не му е тешко од неколку метри да погоди за израмнување

Почеток на второто полувреме на дуелите во Кратово, Скопје и Тетово….

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ.

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 90’+10 – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Игра со рака на Најденов во шеснаесетникот. Судијата Ралевски по сугестија на резервниот судија суди пенал, а Дејан Блажевски погодува за победа!

  • Крај на првото полувреме на трите натпревари кои почнаа од 14 часот…

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-1)

41′ – Одлична шанса на Работнички за израмнување. По нафрлувањето од десната страна, Тошевски извонредно реагира од неколку метри, но брани гостинскиот голман на самата линија

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-1)

1-0 – 39′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Бесар Исени од пенал носи водство за гостите, откако претходно беше досуден удар од белата точка по игра со рака

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 26′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Миовски носи предност за „гипсарите“ во Тетово

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

!!! – 65′ – Комична ситуација на теренот во Ѓорче Петров. Црвен картон за Стефан Костов кај Академија Пандев, откако со друга топка во рацете спречи напад на домашните!

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

14′ – Одлична шанса за Шкупи. Дамбое избива во брз контранапад пред голот на Работнички, но Шишковски истрчува на 16 метри и спречува погодок на гостите

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

5’ – Кристијан Костовски шутира со глава, за малку над гредата од голот на Шкендија

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

52′ – 100% шанса за гостите. Сашко Пандев во одлична позиција осамен на неколку метри пред голот на домашните, но шутира непрецизно

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-0)

3’ – Веднаш нервоза во Кратово. Груб старт над Алими и мешаница на фудбалерите на двете екипи

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

2′ – Прв обид на домашните. Петковски шутира од 18 метри, но за малку над гредата од голот на Шкупи

ПОЧЕТОК И НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Крај на првото полувреме во Ѓорче Петров…

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

39′ – Прва шанса за Академија Пандев на мечот. Дориев го проигра Миловановиќ на 18 метри, но неговиот шут од добра позиција блокиран во корнер

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

36′ – Одличен шут на Божиновски од 20 метри, но Чубраковиќ извонредно интервенира исфрлајќи во корнер

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

32′ – Првата шанса на мечот. По корнерот од левата страна за домашните, Китановски шутира од 20 метри но дирекот го спасува голот на „пандевци“

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

25′ – Натпревар без никаква динамика во Ѓорче Петров. Игра на средината од теренот, без ниту една шанса за издвојување

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

10′ – Мирен почеток на натпреварот. Без ниту една изразена можност на двете страни…

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ…
  • Познати се составите за пресметката меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев

======================================================================================

Во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига двата централни натпревари во Скопје и во Кратово. Силекс ја пречекува Шкендија, а Македонија ЃП ќе биде домаќин на Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...