ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкупи со две ремек-дела го „столчи“ Вардар, Шкендија убедлива против Пелистер!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (2-0)

Бајрами 62′, Стојкоски 86′

Прилеп: ПОБЕДА – РЕНОВА (1-1)
Најдовски 73′ – Нафиу 80′(п)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (3-0)

Ибраими 49′, Хасани 68′(п), Зејнулаи 90′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (2-0)
Трајчевски 49′, Сержо Јуниор 83′
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)
Ѓорѓевиќ 16′

ТАБЕЛА: Шкендија 46 бодаВардар(-2) 32, Силекс 31, Академија Пандев(-1) 25, Работнички(-1) 23, Шкупи 23, Победа 19Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10 бода.

=========================================================================

  • Крај на натпреварите од 18. коло. Шкупи го шокираше Вардар, Шкендија убедлива против Пелистер! Шкендија е на +14 бода од Вардар во трката за титулата. За шампионот до крајот на есентта остануваат уште одложените мечеви со Работнички и со Академија Пандев!

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (2-0)

3-0 – 90′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Кардинална грешка на Кандикјан, со рака му ја подари топката на Сержо јуниор, кој стрела во празната мрежа

ШКУПИ – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 86′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Каков погодок на Кристијан Стојкоски кој со феноменален шут од повеќе од 30 метри го совладува Алексовски!

skupi - vardar kal 5

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Арбен Зејнулаи постигнува гол и за 3-0!

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

85′ – Таипи можеше да донесе водство и од 2-0 за Шкупи. Убава шанса но шутираше непрецизно!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

76’ – Балдовалиев во одлична шанса, шутира со глава од пеналтикот, но за малку крај голот

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 83’ – ГОООООЛ за Работнички. Сержо јуниор најдобро се снајде во петерецот и успеа да ја погоди мрежата на Скопје

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

72’ – Јани Атанасов шутира од 18 метри, за малку крај голот на Силекс

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 80′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Валмир Нафиу израмнува од пенал против Победа

  • Ако Вардар загуби, тоа ќе биде прв пораз за „црвено-црните“ од меѓусебните пресметки. Досега Вардар има 6 победи, а 4 меча завршиле нерешено.

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

75′ – Втор жолт картон и исклучување за Оливер Пеев кај Пелистер

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 73′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Филип Најдовски ги носи прилепчани до водство на дуелот со Ренова

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

68′ – Максим Максимов се најде и до трета шанса во второто полувреме, но реагира аматерски пред голот на Шкупи

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 68′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Капитенот Ферхан Хасани од пенал ја зголемува предноста на Шкендија

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

54’ – Атанасоски ја погоди гредата од голот на Силекс со удар од 7-8 метри

Akademija Pandev - Sileks 5

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 62′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Феноменален гол на Мухарем Бајрами кој со шут од околу 25 метри стрела под гредата од голот на Вардар!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

48’ – Благојевиќ со шут од 18 метри го погоди дирекот од голот на Академија Пандев

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

55′ – Тензија на дуелот во Чаир, судир меѓу фудбалерите на двата тима и на крајот жолти картони за Максимов и за Бајрами

skupi - vardar kal 3

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

53′ – Убава шанса за Шкупи. Адем се најде во прекрасна позиција, но на крајот интервенираше Алексовски

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 49’ – ГОООООЛ за Работнички. Велинов нафрли од левата страна, Душко Трајчевски шутираше со глава и ја смести топката во спротивниот агол.

rab-skopjeee (6)

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани одлично го проигра Ибраими, кој продре во гостинскиот шеснаесетник и откосо од десната страна стрела во спротивниот агол од голот на Пелистер

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

47′ – Одличен шут на Ибраими од слободен удар од околу 25 метри, но за малку над гредата од голот на гостите

  • Неверојатно, но стрелците од домашните прволигаши веќе како да се во зимски сон. Само еден гол на петте меча по првите 45 минути од последното, 18. коло, во Првата македонска фудбалска лига!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

!!!! – НЕРЕАЛИЗИРАН ПЕНАЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – 45’ – Балдовалиев не успеа да реализира пенал за Академија Пандев. Тој ги промаши рамките на голот.

Крај на првото полувреме на двата натпревари во Скопје, во Тетово и во Прилеп. Се игра уште само во Струмица.

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

43′ – Стојкоски нафрли од лево од слободен удар, Мбела осамен на 5-6 метри пред голот на Вардар се обидува со глава но Алексовски брани

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

45′ – Одлична шанса за Шкендија. По нафрлањето од левата страна, топката доаѓа до Ибраими кој од десеттина метри со волеј удар осамен од прва шутира но над голот на гостите

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

29’ – Балдовалиев шутира од слободен удар од 25 метри, но го погоди живиот ѕид на Силекс

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

36′ – Прва вистинска шанса за Вардар. По центаршутот од десната страна, Николов се најде на десеттина метри од прва шутираше но за малку непрецизно

САМО ЕДЕН ГОЛ ПО 30 МИНУТИ ИГРА НА ПЕТТЕ ДУЕЛИ ОД 18. КОЛО. Единствено гол на мечот во Струмица кој започна со мало задоцнување!

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-0)

28’ – Чарлс Гофри излезе сам пред противничкиот голман, но шутираше непрецизно

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 16′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Милош Ѓорѓевиќ носи водство за Силекс во Струмица. Убава акција на Силекс, Филиповски уфрли во шеснаесетникот, а Ѓорѓевиќ го носи во водство кратовскиот прволигаш

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

30′ – Очаен терен, очајна игра од двата тима. Никакви возбудувања на мечот во Чаир!

терен во Чаир

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-0)

20’ – По корнерот, Есмин Личина со удар со глава ја погоди уште еднаш гредата од голот на Работнички

IMG_9970

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-0)

19’ – Бруно да Круз шутира силно од 30 метри, Божиновски со одлична интервенциј одбрани, а топката удри и во гредата, завршувајќи во корнер

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

15′ – Апсолутен мир на Чаир. Никакви возбудувања и на двете страни по првите 15 минути, на тешкиот терен за игра

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-0)

12’ – Работнички е поактивен на дуелот против Скопје. Овој меч се игра на комплексот на ФФМ, но засега без посериозни шанси

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-0)

3’ – Филип Глигоров шутира откосо од десната страна, но крај голот на Академија Пандев

  • Со мало задоцнување стартуваше и натпреварот меѓу Академија Пандев и Силекс во Струмица

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

5′ – НЕПРИЗНАЕН ОЧИГЛЕДЕН ГОЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Жуниор одлично пројде од десната страна, го проигра Хасани чиј шут од околу 12 метри завршува зад гол линијата но судиите не го забележуваат тоа и означуваат играта да продолжи!

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

2′ – Барсегјан се обиде од слободен удар од околу 25 метри, но само во живиот ѕид на домашните

Почеток на натпреварите од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига…

ТЕШКИ УСЛОВИ ЗА ИГРА ВО ЧАИР КАДЕ СЕ СРЕЌАВААТ ШКУПИ И ВАРДАР. По долготрајните врнежи во главниот град лош терен за игра!

  • Познати се составите за игра на дуелот во Чаир. Вардар во првиот состав ќе биде со младинците Тодор Тодороски и Филип Стојчевски. На клупата се Итало, Новак, Велковски, Стојков…

Состави Шкупи - Вардар

  • Во Тетово, Шкендија во најсилниот свој состав против Пелистер…

Состави Шкендија - Пелистер

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 18. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Шкендија носена од желбата за продолжување на победничкиот ритам го пречекува Пелистер, а Вардар против Шкупи на Чаир во тежок натпревар ќе очекува поправен за ремито од пред три дена во осминафиналето од Купот на Македонија.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...