ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 17. КОЛО….
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-3)
Аврамовски 11′, 69′, Брдаровски 87′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-0)
Б. Ибраими 2′, 41′(п), Жуниор 28′, 89′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)
Марковиќ 15′ – Ѓуриќ 61′
Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА (1-0)
Прелчец 5′
ВЧЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
======================================================================================
- КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 17. КОЛО ВО ПМФЛ…
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-0)
4-0 – 89′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Акција во три потези за домашните, Ибраими нафрли од десната страна а на вториот директ Жуниор од десеттина ефектно погодува под гредата од голот на Шкупи
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-3)
0-3 – 87′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлично проигрување од Аврамовски до Брдаровски кој по десната страна избива очи во очи со домашниот голман и лесно го совладува
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-2)
78′ – 100% шанса за Академија Пандев. Нововлезениот Миловановиќ проигра до Јованов кој продре пред голот на Вардар, но од 7-8 метри шутира непрецизно покрај десниот дирек
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-2)
0-2 – 69′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлична соло акција и асистенција на Ибиши до Аврамовски кој од непосредна близина ниско по земја погодува за водство од 0-2
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)
64’ – Одлична шанса за Петар Петковски, шутираше од непосредна близина, а Божиновски одбрани рефлексно, во вториот обид шутираше крај дирекот
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-1)
1-1 – 61′ – ГООООООЛ ЗА СИЛЕКС. Карчески нафрли од левата страна, а Стефан Ѓуриќ со удар со глава ја тресе мрежата на Работнички
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)
52′ – Цветаноски во убава позиција шутира откосо од десеттина метри, но блокира домашната одбрана
- ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 17. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Крај на првото полувреме….
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)
45’ – Мешаница во шеснаесетникот на Силекс, домашните ја погодија гредата
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)
42’ – Додев нафрли од слободен удар, а Грозданоски не успеа да ја зафати во шеснаесетникот
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-0)
3-0 – 41′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По еден оправдано досуден пенал, Бесарт Ибраими го постигнува вториот гол на мечот.
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)
38′ – Одлична можност за домашните. Стоилов испрати прецизен центаршут, а Рајковиќ осамен на 7-8 метри пред голот на Вардар шутира непрецизно
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)
2-0 – 28′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција на домаќините, Жуниор втрча од позадина, избегна офсајд, го мина и голманот на Шкупи и ја смести топката во празната мрежа
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)
28′ – Стоилов од одлична позиција од слободен удар од 18 метри се обидува, но млак удар кон голот на Гачевски
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
24′ – 100% шанса за Шкендија, Бесарт Ибраими го проигра Агим Ибраими во празно, но голманот на Шкупи успеа да го одбрани ударот на домашниот ас.
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
16′ – Опасна акција на Шкупи, еден од гостинските напаѓачи падна во шеснаесетникот, но судијата процени дека тоа сепак е недоволно за пенал
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)
1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Тошевски од левата страна го проигра Иван Марковиќ, кој шутира од прва од 16 метри и погоди во долниот лев агол од голот на Божиновски
АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлично нафрлување на Тошевски од десната страна, а на вториот дирек Аврамовски од само неколку метри со глава сместува во мрежата на домашните
БОРЕЦ – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 5′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Катастрофална грешка на одбраната на Ренова, Никола Прелчец пресекува топка на 20 метри пред противничкиот гол и откако го минува и голманот лесно погодува за водство
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 2′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими доби употреблива топка во шеснаесетникот и во манир на голем стрелец го матираше голманот на Шкупи
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 17. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Познати се составите за дерби пресметката меѓу Академија Пандев и Вардар во Струмица…
- Познати составите и за дуелот на „Тодор Проески“ меѓу Работнички и Силекс…
======================================================================================
Во 17. коло од ПМФЛ, Вардар би можел да дојде до есенската „круна“ доколку остане непоразен на гостувањето против Академија Пандев во Струмица. На Шкендија и на Работнички неизбежно им се неопходни побед против Шкупи односно Силекс…
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА