ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар и Шкендија убедливи…, „пандевци“ без голови против Шкупи (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 7. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (3-0)

Реис Жуниор 22′, Аврамовски 39′, Мицевски 43′(п)

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

Радески 9′, Б. Ибраими 59′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-1)

Адеми 50′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)

ВЧЕРА

Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1

=================

=====================================================================

  • Крај и на натпреварот во Струмица. Академија Пандев – Шкупи 0-0!

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)

90′ – Голема шанса за Шкупи. Исени осамен пред голот на Академија Пандев, но Чубраковиќ со одлична интервенција спречува водство на гостите

  • Крај на мечот и во Тетово, Шкендија сигурна против Струга Трим Лум…
  • Крај на натпреварот во Скопје. Победа на Вардар од 3-0 против Силекс!

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)

!!! – 74′ – Гредата го спасува Шкупи. Одлично изведен слободен удар од 17 метри на Сашко Пандев, но гредата не дозволува водство на „пандевци“ откако веќе беше совладан гостинскиот голман

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

71’ – Жуниор шутира со глава, но над голот на Струга ТЛ

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ… Победа за Ренова од 0-1 против Македонија ЃП!

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

2-0 – 59’ – ГООООООЛ за Шкендија, Бесарт Ибраими. Брза акција што ја почна Агим Ибраими, Алими го проигра Бесарт Ибраими, кој со луциден потег го надмудри Ѓуриќ за удвојување на водството на Шкендија.

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

52’ – Арменд Алими шутира од 20 метри, Ѓуриќ одбрани

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

47’ – Агим Ибраими се обиде откосо од десната страна, гаѓаше во спротивниот агол, но за малку непрецизно

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите кои стартуваа од 15:30 часот.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-1)

73’ – Арџент Гафури во одлична можност, но шутираше непрецизно со волеј-удар од пеналтикот

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-1)

58’ – Јашароски нафрли во шеснаесетникот, Боби Божиновски не ја зафати убаво топката во петерецот и пропадна убава шанса за Македонија ЃП

ВАРДАР – СИЛЕКС (3-0)

3-0 – 43′ – ГОООЛ ЗА ВАРДАР. Брдаровски соборен во гостинскиот шеснаесетник од голманот на Силекс. Дарко Мицевски прецизен реализатор на ударот од белата точка

ВАРДАР – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 39′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По корнерот на Брдаровски, Аврамовски пред голот на Силекс со глава сместува во долниот лев агол

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 50’ – ГООООООЛ за Ренова. Илирид Адеми. Нововлезениот фудбалер се проби по левата страна и успеа да ја протне топката под нозете на истрчаниот Марко Јовановски

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

33′ – 100% можност за израмнување на Силекс. Српскиот интернационалец Милош Жеравица директно од слободен удар од околу 20 метри одлично шутира, но гредата го спасува голот на Вардар откако Гачевски веќе беше совладан!

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

33’ – Две одлични интервенции на Урош Ѓуриќ. Прво го спречи Агим Ибраими, а потоа го одбрани и ударот на Стенио Жуниор

ВАРДАР – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 22′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Мицевски нафрли од десната страна, а на 10 метри пред голот на гостите Бразилецот Реис Жуниор стрела ниско по земја за водство

  • Крај на првото полувреме на дуелот во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Ренова

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-0)

45′ – Одлична шанса за Ренова. Ремзифаик Селмани во продор по десната страна, шутира откосо но брани Јовановски

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

15’ – Агим Ибраими изведе слободен удар од 18 метри, но шутираше непрецизно

ВАРДАР – СИЛЕКС (0-0)

12′ – Мирен почеток на дуелот на арената „Тодор Проески“, без многу возбудувањата на двете страни

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-0)

41′ – Блажевски нафрли од левата страна, Мишковски во обид да расчисти за малку и ќе ја затресеше мрежата на својот гол

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 9’ – ГОООЛ за Шкендија, Марјан Радески. Репрезентатривецот со удар со глава шутираше од десетина метри и успеа да го надмудри противничкиот голман

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-0)

6’ – Шкендија тргна офанзивно, се обиде Агим Ибраими, но неговиот удар е изблокиран во последен момент

  • ПОЧЕТОК НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ ОД 7. КОЛО…

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-0)

26′ – Прва шанса за Ренова, Велија во обид од десната страна но домашниот голман брани исфрлајќи во корнер

  • СОСТАВИТЕ ЗА ПРЕСМЕТКАТА МЕЃУ ШКЕНДИЈА И СТРУГА ТЛ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (0-0)

15′ – Конечно прв момент за одбележување на дуелот. Блажевски се обиде директно од слободен удар од околу 20 метри, но лесен плен за гостинскиот голман

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА ЃП И РЕНОВА….

  • Останатите три натпревари од 7. коло во ПМФЛ почнуваат од 15:30 часот…
  • Познати се составите за пресметката меѓу Македонија ЃП и Ренова во Ѓорче Петров која почнува од 15 часот…

======================================================================================

Во 7. коло од ПМФЛ, Вардар на мегдан против Силекс, а лидерот Академија Пандев на домашен терен го пречекува Шкупи. Шкендија во потрага по третата победа по ред, на домашен терен против Струга Трим Лум.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...