ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар, Македонија ЃП и Шкупи го искористија домашниот терен

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 5. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (3-0)

Реис Жуниор 59′, 64′, Најдовски 82′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (3-0)

Жуниор 19′, Алими 38′, Тотре 90′

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (1-0)

Серџо Жуниор 58′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (3-1)

Едуардо Карваљо 39′, Блажевски 72′, Демир 93′ – Прелчец 4′

ВЧЕРА

АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ. Победи на Шкендија, Вардар, Македонија ЃП и Шкупи на домашен терен!

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (3-1)

3-1 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бенјамин Демир ја запечатува победата на „лавовите“!

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (3-0)

3-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Проигрување од Матеј Цветаноски пред голот на гостите, а Најдовски од непосредна близина стрела за 3-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (2-1)

2-1 – 72′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Нововлезениот Блажевски повторно носи предност за „лавовите“

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (1-0)

2-0 – 64′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Нов погодок на Бразилецот Реис Жуниор и веќе е 2-0 за „црвено-црните“

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 59′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлична акција по левата страна, Реис Жуниор стрела за водство на Вардар

ШКУПИ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 58′ – ГООООЛ НА ШКУПИ. Со голот на Серџо Жуниор, Шкупи поведува на Чаир против Силекс

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО… Победа од 3-0 на Шкендија!

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (3-0)

3-0 – 90′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Акција на нововлезените Бесарт Ибраими кој го проигра Тотре чиј удар од 15 метри завршува во мрежата на гостите

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

88′ – Херера од одлична позиција од 20 метри се обиде директно од слободен удар, но над голот на домашните

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (0-0)

54′ – Одлична шанса за Струга ТЛ. Од околу 18 метри од десно добар шут на Цветаноски, но за малку покрај десниот дирек од голот на Вардар

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

82′ – 100% шанса за Шкендија. По акцијата на Тотре од левата страна, на самата гол линија спаси одбраната на „романтичарите“

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ТРИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО СКОПЈЕ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

74′ – По шест месеци пауза поради повреда во составот на Работнички на терен се враќа Горан Силјановски, кој влегува на местото на српскиот интернационалец Иван Марковиќ.

  • Крај на првото полувреме на трите натпревари во Скопје…

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (0-0)

42′ – Апсолутно мирен меч на „Тодор Проевски“, без многу возбудувања на двете страни

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 39′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Одлична длабочинска топка, а Бразилецот Едуардо Карваљо сам пред голот на Борец од 12-13 метри стрела за израмнување

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

52′ – Извонреден шут на Зејнулаи од 20 метри, но сантиметри над голот на Шишковски

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (0-1)

25′ – Обид на Адем од 25 метри директно од слободен удар, но брани гостинскиот голман

  • Крај на првото полувреме во Тетово

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (0-0)

12′ – Филип Најдовски се обидува од околу 30 метри кон голот на Струга ТЛ, но сигурен голманот на гостите

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

44′ – Добра акција на Работнички, топката до Петковски по левата страна но слаб шут на крилниот офанзивец

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (0-1)

0-1 – 4′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Одлична акција на гостите, Петров нафрли од десната страна а пред голот на домашните Хрватот Никола Прелчец од неколку метри стрела за 0-1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 38′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Повторно Мици од левата страна асистира, а Алими од 15 метри со прекрасен шут под гредата носи водство од 2-0

  • ПОЧЕТОК НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ ОД ДЕНЕШНОТО 5. КОЛО…

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

!!! – 29′ – Убава акција на Работнички, Шаркоски се најде во одлична позиција постигнува гол, но поништен поради офсајд.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 19′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен центаршут на Мици од левата страна, Ибраими пропушта а Жуниор на вториот дирек од неколку метри прецизно во мрежата на гостите

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

8′ – Прва одлична шанса за Шкендија. Шефити оддесно пред голот на Работнички го најде Жуниор, но во последен момент од 5-6 метри интервенира Шаркоски пред Жуниор

  • Останатите три денешни натпревари од 5. коло стартуваат во 15:30 часот.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО….

  • Шкендија, по сите негативни резултати на стартот од сезоната, ќе игра безмалку пред празни трибини на дуелот против Работнички во Тетово… Едвај 500 гледачи на Градскиот стадион во Тетово.
  • Познати составите за пресметката во Тетово меѓу Шкендија и Работнички…

======================================================================================

Во 5. коло од ПМФЛ, Шкендија и Работнички се среќаваат во дербито на дното. Вардар атакува на нови три бода, сега против Струга Трим Лум, а интерсен дуел се очекува во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Борец.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...