Вардар ремизираше со Ренова, Шкендија подобра од „пандевци“, Беласица го шокираше Шкупи… (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 27. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА (0-1)

Демир 11′

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Ибраими 52′

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Миленковски 33′ – М. Станковски 58′

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (1-1)

Мирчевски 40′ – Јашароски 15′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (3-2)

Драгарски 24′, Илиевски 30′, Нето 71′ – Ѓоргиев 3′, Тантуровски 19′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (2-1)

Фазли 45′, 66′ – Мишов 84′

======================================================================================

  • Пелистер со неверојатен пресврт, по 0-2 по првите 20 минути, дојде до победа од 3-2 против Силекс во Битола!
  • Шкупи шокиран од Беласица на домашен терен. Струмичани славеа со 0-1, со голот на Бенјамин Демир уште во раната фаза од натпреварот.
  • Струга ТЛ и Работнички ги поделија бодовите во Струга, играјќи 1-1!
  • Крај и на дуелот во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП славеше со 2-1 против Борец
  • Шкендија ја победи Академија Пандев минимално со 1-0 со голот на Бесарт Ибраими, но доволно за три бода.
  • КРАЈ НА НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА „ТОДОР ПРОЕСКИ“ ВО СКОПЈЕ. Вардар се одржува во живот со ремито (1-1) против Ренова

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (2-1)

2-1 – 84′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Гол на Мишов за ублажување на предноста на домашните

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (3-2)

1-0 – 71′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Брз контранапад на Пелистер, Гудијаби мајсторски го проигра Алдаир Нето кој од 16 метри откосо топовски бие под гредата на гостинскиот гол

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 66′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Фазли со својот втор гол ја дуплира предноста за „лавовите“

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

54′ – Директен црвен картон за Серафимов кај Академија Пандев поради удар на противнички фудбалер

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 58′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Кикс на домашната одбрана, Марио Станковски највисок во скок со глава од непосредна близина стрела за 1-1.

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 52′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Грешка во одбраната на гостите која одлично ја користи Бесарт Ибраими и од 7-8 метри погодува во мрежата на Академија Пандев

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ
  • Крај на првото полувреме на натпреварите од 27. коло во ПМФЛ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Самир Фазли погодува во финишот на првото полувреме.

ВАРДАР – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 40′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Одлично нафрлање од десната страна на Блажевски, а Мирчевски со глава од 7-8 метри стрела во мрежата на гостите


СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 33′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Филип Миленковски го носи домашните до водство на дуелот со Работнички

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (2-2)

2-2 – 30′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По корнерот од левата страна, Ристе Илиевски со глава стрела за израмнување на резултатот


ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-2)

1-2 – 24′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Продолжува почетната голеада во Битола. Драгарски ја намалува предноста на гостите

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-2)

0-2 – 19′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Ивановски нафрла од левата страна, а Тантуровски највисок во скокот со глава пред голот на Пелистер сместува во мрежата на домашните

ВАРДАР – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 15′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Јашароски ги носи „гипсарите“ до предност во Скопје.

ШКУПИ – БЕЛАСИЦА (0-1)

0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Бенјамин Демир ги шокира домашните, со предност за струмичани во Скопје

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 3′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Пепи Ѓоргиев ги носи кратовци до брзо водство на дуелот во Битола.

  • Почеток на натпреварите од 27. коло во ПМФЛ…

======================================================================================

Во 27. коло од ПМФЛ, последна шанса за Вардар, против Ренова, во битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...