ПРВА ЛИГА: Водечките на мегдан во Струга

Водечката Струга ТЛ и второпласираната Шкендија денеска ќе играат меѓусебно во Струга, во дербито на колото, а можеби и на полусезоната. Лидерот Струга ТЛ се наметна како сериозен кандидат за титулата, а Шкендија после почетните турбуленции, враќањето на Ќатип Османи на клупата се враќа во игра за трофејот. Тука се и Шкупи и Силекс кои не отстапуваат од својата намера да се вмешаат во битката за врвот.

Струга ТЛ после одличнити почеток и осум од осум, влезе во мала криза, па сега пет меча е без победа (два порази и три ремија). Момците на Срѓан Захариевски ако се вратат на победничките патеки денеска, тогаш и ќе ја зголемат предноста пред својот ривал на цели шест бода. Меѓутоа Шкендија, пак, од друга страна пет натпревари не знае за пораз, а момците на Ќатип Османи ќе мора да најдат решение како да останат непоразени за да ја задржат, или да победат и да се израмнат со својот ривал бодовно на табелата.

И двата тима очекуваат добар натпревар и посакуваат триумф од овој меч.

„Тежок натпревар каде што ќе играат двете најдобри екипи во моментов, првата и втората екипа на првенствената табела. Важно е натпреварот да биде првично фер и коректен, да биде пример за добро и на крај нека победи подобриот“, рече Ибраими.

Капитенот на Шкендија Ферхан Хасани очекува добар натпревар, и не се залажува со лошата форма на противникот.

„Ни претстои тежок меч. Струга неслучајно е на првото место. Досега имаа добра сезона, иако последните пет меча се во мала криза, да речам имаат лоши резултати. Но, тоа нас нема да не залаже. Ќе биде цврст натпревар. Ние како Шкендија имаме исто така лоши резултати во последно време, но во средата со пласманот во полуфиналето на Купот, атмосферата е многу добра и се знае дека Шкендија оди на три бода. Три бода во Струга ќе сменат многу и ние сме подготвени да дојдеме до нив“, вели Хасани.

Денеска ќе се играат прволигашки мечеви во Струмица, во Кичево и во Кавадарци. Академија Пандев ќе има можност, конечно, да излезе од лошата серија, меѓутоа имаат незгоден ривал против себе. Силекс им гостува во Струмица, тим кој што со резултатите се наметна како еден од кандидатите за пласман во првата „четорка“ на табелата.

Шкупи на неутрален терен во Кичево, поради суспензијата за случувањата со Шкендија, го дочекува мечот против Скопје. И покрај неутралниот фаворит, чаирчани се фаворити и се освен три бода ќе биде изненадување. Тиквеш на домашен терен го дочекува Работнички. „Романтичарите“ конечно почнаа да бележат солидни резултати, додека Тиквеш во последните три кола има два порази и тоа придонесе да има мал пад, но во Кавадарци покажа дека може да победи секого.

Утре играат Македонија ЃП и Брегалница.

ПРВА ЛИГА, 15. КОЛО

ДЕНЕСКА (13:00 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Кичево: ШКУПИ – СКОПЈЕ

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

УТРЕ (13:00 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

ПОБЕДА СЛОБОДНА


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...