Прва победа за Васоски на клупата на Академија Пандев, Шкупи го освои Кратово, Пелистер победи во Струга со гол во 90. минута (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 21. КОЛО….

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (0-1)

Пејаковиќ 90′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1)

Фреди Родригез 79′ (п)

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (2-1)

Баша 4′, Адили 45′ – Митевски 17′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

Радески 11′, Крстовски 86′ – Божиновски 56′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (3-0)

Шефити 21′, Селмани 28′(п), 55′

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Струга. Пелистер дојде до значајна победа со гол во последната минута.

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 90′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Иван Пејаковиќ погодува во Струга за предност на битолчани

  • Академија Пандев дојде до прва пролетна победа, Александар Васоски до првиот триумф на клупата на струмичани. Со гол во 86. минута „пандевци“ триумфираа со 2-1 против Македонија ЃП.
  • Заврши пресметката и на „Тодор Проески“. Работнички и Шкендија одиграа без голови.
  • Крај и во Кратово. Шкупи дојде до повеќе од значајна победа од 0-1 против Силекс со голот од пенал на Фреди Родригез.
  • Борец дојде до значајни три бода во пресметката против Беласица триумфирајќи со 2-1.
  • Крај во Тетово. Лесна и убедлива победа на Ренова од 3-0 против Вардар

СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1)

90′ – Втор жолт картон и исклучување за Јордан Серафимовски кај Силекс

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 86′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Марио Крстовски носи ново водство за Академија Пандев во Струмица


СИЛЕКС – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Фреди Родригез од пенал носи предност за Шкупи. Претходно, Дејан Благојевиќ со рака играше на гол-линијата па доби и директен црвен картон


РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

73′ – Убав шут на Арменд Алими од 20 метри, но брани Јанков

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 56′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Да Силва нафрли од корнер, а капитенот Боби Божиновски на вториот дирек израмнува за „лавовите“ во Струмица


РЕНОВА – ВАРДАР (3-0)

3-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Ефектен гол на Селмани кој од свртување од 15 метри стрела под гредата од голот на Илиќ


РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

49′ – Прва вистинска акција и шанса на натпреварот. Лука Станковски одлично шутира од 15 метри, но за малку покрај десниот дирек од голот на Захов

  • Почеток на натпреварите од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (2-1)

2-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Одличен контра-напад на домашните, Мурат Адили избива сам пред гостинскиот гол и луцидно од 15 метри стрела за 2-1

РЕНОВА – ВАРДАР (2-0)

40′ – Одличен обид на Најденов од слободен удар, но за малку покрај левиот дирек од голот на домашните

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

37′ – Нема промени на резултатот во Струга, главно игра на средината од теренот

РЕНОВА – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 28′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ремзифаик Селмани носи предност од белата точка, откако Радуловиќ-Величковиќ пред голот на Вардар играше со рака. Мартин Радуловиќ-Величковиќ доби и директен црвен картон.

РЕНОВА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 21′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Убава акција по левата страна на Селмани, кој нафрла пред голот на Вардар каде Шефити осамен од неколку метри стрела во мрежата


РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

15′ – Одлична шанса за Шефити, по грешката во вардаровата одбрана, но непрецизен во завршницата

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 17′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Струмичани со голот на Митевски брзо го израмнуваат резултатот во Велес

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 11′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Марјан Радески уште во раната фаза од натпреварот ги носи „пандевци“ до предност против Македонија ЃП со ефектен гол со глава од 12 метри


РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

7′ – Мирен старт на дуелот на „Тодор Проески“, без возбудувања на двете страни

БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 4′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Велешани експресно доаѓаат до предност, со голот на Еди Баша за водство од 1-0

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ…

======================================================================================

Во 21. коло од ПМФЛ, дербито се игра во Скопје каде Работнички го пречекува лидерот Шкендија. Интересна пресметка и во Струмица каде Академија Пандев во желбата за првата пролетна победа ја пречекува Македонија ЃП.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...