Прва понуда за Погба: Реал нуди 80 милиони евра и Герет Бејл

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргна во офанзива за Пол Погба. Францускиот репрезентативец сака да замине од „Олд Трафорд“, а Зинедин Зидан е сериозно заинтересиран да го доведе во „кралскиот тим“. Реал ја подготви и првата понуда која во пакет го има и Велшанецот Герет Бејл.

Зидан уште претходно му стави до знаење на велшкиот интернационалец дека нема да смета на него следната сезона и сега ќе го употреби како дел од понудата за да го добие Погба. „Кралевите“ ќе понудат 80 милиони евра, а Бејл е проценет на 70 милиони евра, што треба да ја задоволи сумата од 150 милиони евра која ја бара Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...