Прва прозивка на Симеоне, од Гризман ни трага ни глас

Диего Симеоне денеска означи старт на подготовките на Атлетико Мадрид за новата сезона, а на првата прозивка воопшто не се појави Антоан Гризман.

Францускиот ас се уште е член на Атлетико откако ниту еден клуб не ја активираше клаузулата за раскин од 120 милиони евра. Се очекува Барса да го стори тоа во следните 48 часа, но Гризман во секој случај разочара со непрофесионалниот однос, особено во ситуација кога второ лето по ред создаде „сага“ околу својата иднина, за на крајот да си замине од таборот на „јорганџиите“.

Според клупскиот правилник Гризман најверојатно ќе биде казнет за недисциплина, а целиот случај само би требало да ги забрза преговорите со Барселона, за каталонскиот гигант веќе во текот на утрешниот ден да го официјализираат неговиот трансфер.

На првиот собир на Симеоне се појавија четирите големи засилувања на Атлетико, Жоао Феликс од Бенфика, Ерера и Фелипе од Порто и Љоренте од Реал Мадрид.

Се вчитува...