Прва судијка во ЛШ – Полицајка од следната година ќе им суди на најдобрите

Од следната сезона прв пат во историјата правдата на натпреварите ќе ја дели жена. Според сознанијата на германскиот „Билд“, веќе е извесно дека Бибиана Стејнхаус (38) ќе биде првата судијка која од сезоната 2019/2020 во улога на главен арбитар на натпреварите од најелитното европско клупско натпреварување.

Во согласност со судиските прописи, Бибиана Стејнхаус на констатациите објавени во германскиот весник имаше само кус одговор:

„Не можам и не смеам тоа да го коментирам“

Правилата на УЕФА налагаат дека судиите и судијките на меѓународна сцена можат да судат единствено ако последните две години суделе на највисок степен во националните лиги.

Бибиана Стејнхаус по професија е полицајка и моментно суди во Бубндес-лигата. Судиското деби во највисок ранг во германскиот фудбал го одбележа во септември минатата година на дуелот меѓу Херта и Вердер, а притоа се запиша во аналите на германскиот фудбал како прва жена која судела бундеслигашки натпревар.

Во судиските води Стејнхаус е од 1999 година  и во досегашната кариера има отсудено стотина официјални натпревари, но најголемиот предизвик и највисокото ниво во професијата е да се дели правда на натпреварите од Лигата на шампионите.

Прва жена во судиска улога на натпревар од Лигата на шампионите во историјата е Гркинката Крисула Маргарити, но таа имаше улога на линиски судија, а Стејнхаус може да стане

Се вчитува...