Прва тренерска смена во Италија

Комплетирањето на осмото коло од „Серија А“ ја донесе и првата тренерска смена, откако управата на Киево реши да му врачи отказ на Лоренцо Дана. Киево ја стартуваше сезоната со казна од минус пет бода, а уште не успеа да излезе од „минусно салдо“ откако во првите осум кола забележа две реми и шест порази.

Разделбата од Дана беше неизбежна, а експресно беше пронајден и неговиот наследник. Прв избор беше поранешниот тренер на Палермо, Јакини, преговирите не завршија успешно, но затоа експресно беше постигнат договор со поранешниот тренер на Торино, Џан Пјеро Вентура. Екс-селекторот на Италија се враќа на фудбалот 342 дена по фијаското откако со „аѕурите“ ремизираше 0-0 во баражот против Шведска, со што италијанскиот национален тим не обезбеди пласман на СП 2018 во Русија.

Вентура своето деби на клупата на Киево ќе го има на 21 октомври, кога оваа екипа ќе се сретне со Аталанта.

Се вчитува...