Прва „војна“ на Тухел со челниците на Баерн Минхен

Томас Тухел се соочува со првиот посериозен проблем во односот со управата на Баерн Минхен откако челниците на баварскиот гигант негативно одговорија на неговото барање за ангажман на нов дефанзивен играч за врска.

Баерн потроши богатство летово за да ги доведе Ким од Наполи и Хари Кејн од Тотенхем, но тренерот не е најзадоволен бидејќи му недостига играч кој би маневрирал непосредно пред централните дефанзивци. Баварците на овој дел од тимот ги имаат Кимих, Горецка и Гравенберх, летово од Лајпциг како слободен играч пристигна и одличниот Конрад Лајмер, па јасно е зошто одговорот до тренерот бил негативен.

„Трансфер-комитетот беше дециден, Тухел нема да добие нов играч за врска како што посакува. Пораката беше јасна – ќе мора да се снаоѓа со оние фудбалери кои моментно ги има во тимот“, пишуваат германските медиуми.

Самиот тренер не го криеше разочарувањето што информациите од последниот состанок протекле во медиумите.

„Мислам дека кога се прави состанок зад затворени врати, тоа е за работите да останат зад затворени врати. Тоа е се што можам да кажам на оваа тема“, прокоментира Тухел пред вечерашниот премиерен бундеслигашки дуел против Вердер во Бремен.

Се вчитува...