Првата честитка – од Агаси: Федерер ги крева границите во нашиот спорт

Роџер Федерер испиша историја станувајќи највозрасен тенисер што се искачил на врвот на АТП-листата, на 36 години и 195 дена. Првата честитка стигна токму од тенисерот чиј рекорд Федерер го урна, Андре Агаси, кој своевремено беше прв светски рекет на 33 години и 131 ден.

„36 години и 195 дена… Роџер Федерер продолжува да ги крева границите во нашиот спорт. Честитки на уште едно извонредно остварување“ – му честиташе Агаси на големиот ас.

Се вчитува...