Први осминафинални продолженија: Русите скриени во „бункер“, Шпанците не може да пробијат

Први осминафинални продолженија на Мундијалот 2018… Русија и Шпанија имаат 1-1 по регуларниот дел од осминафиналната пресметка па преку продолженија, и потоа евентуални пенали, ќе го одлучуваат патникот во четвртфиналето.

Шпанците дојдоа до предност со автоголот на Игнашевич во 12. минута…

Русите израмнија преку Ѕиуба од пенал во 41. минута, откако Рамос играше со рака во својот шеснаесетник…

Во второто полувреме тотален антифудбал на Русите кои, иако домаќини, во бункер варијанта, со десет фудбалери на 20 метри пред својот гол, се бранеа… И, успеаја да се одбранат пред и онака немоќните Шпанци кои и покрај иницијативата не успеаја да пробијат до голот на Акинфеев.

Се вчитува...