Први прегледи: Меси го пропушта само Интер, ќе може да игра на „Ел Класико“?!

Првичните прегледи извршени врз Лионел Меси носат и позитивни вести за тренерот Валверде и за сите навивачи на Барселона, со оглед на прогнозите на лекарите дека аргентинскиот ас за многу кратко време би можеле повторно да го видиме на фудбалските терени.

Меси веднаш по излегувањето од игра бил пренесен во клиниката во Барселона, каде врз него биле извршени прегледи кои донеле добра вест – не станува збор за никаква скршеница, туку само за истегнување на лигаментите во лакотот.

Како што јавува „Радио Каталуња“, препораките од лекарите се целосно мирување во следните три дена, што ќе значи дека Меси дефинитивно нема да игра во Лигата на шампионите против Интер, но многу поважно за Барселона е што сега постојат реални шанси тој да биде оспособен за настап за дуелот со Реал Мадрид, на програмата наредниот викенд на „Камп ноу“.

Се вчитува...