Први резултати: Смртта на Марадона е лекарска грешка

Смртта на Диего Армандо Марадона можела да биде избегната доколку фудбалската легенда ја добивала неопходната лекарска грижа, откриваат првите резултати од истрагата околу околностите под кои починал Аргентинецот. Марадона го загуби животот на 25 ноември, на 60-годишна возраст, откако беше сместен во приватна куќа само десетина дена по тешката операција на мозокот.

Во куќата тој требало да добива целосна медицинска грижа, но тоа не се случило. Вината се бара кај неговиот личен доктор Леополдо Луке, кој погрешно го организирал лечењето на Марадона.

„Никој не се грижеше за пациентот, тоа претставува сериозна негрижа од страна на докторите. Пациентот не бил надгледуван, не бил под постојана грижа како што побаруваше неговата состојба. Тој не земал медикаменти за својата срцева болест. Без сомнеж, неговиот доктор официјално беше Леополдо Луке, кој направил целосно погрешна домашна нега, иако ја имал целосната доверба на пациентот. Тој само сакаше да биде човекот кој го спасил Марадона“, се вели во документот што се појави во јавноста.

Луке беше присутен и на хируршкиот зафат што беше извршен врз Марадона во клиниката во Буенос Аирес.

„Диего целосно му веруваше на Луке, но тоа не беше обострано. Можеб во клиниката Марадона бил опишан како „тежок пациент“ поради неговата зависност од алкохол и дроги, но со оглед на сериозноста на болеста мораше да се најде начин тој да остане во клиниката уште извесно време, дури и против негова волја“, истакнува обвинителот во случајот.

Се вчитува...