Први сомнителни во турскиот тим: Сите од Фенербахче на тестирање за коронавирус

Целиот колектив на КК Фенербахче е испратен на тестови за коронавирус откако меѓу неколку членови од тимот и администрацијата се појавени првите симптоми на заразната болест.

Рутинската лекарска проверка покажа дека во Фенербахче постојат потенцијални заразени од коронавирусот, а тестовите ќе покажат дали има позитивни на Ковид-19 меѓу кошаркарите.

„Веднаш откако беа откриени симптомите, нашиот медицински тим интервенираше и сите кошаркари и тренери се ипратени во болница за да се тестираат“ – се вели во соопштението од клубот.

Се вчитува...