Првиот човек на Блокотехна, „Бизнис-личност“ на Југоисточна Европа за 2018 година

Првиот човек на Блокотехна, Томе Главчев, е добитник на престижната награда „Бизнис личност“ за 2018 година во Југоисточна Европа, што се доделува како дел од регионалната манифестација „Бизнис партнер“.

Главчев, кој со години наназад е успешен бизнисмен, но и голем помагач на кошаркарскиот спорт, ја добива оваа награда за квалитетна работа на бизнис-планот, како и за особено залагање и поддршка на младите во спортот.

„Го краси повеќегодишна успешна работа, ефикасност  во организацијата и вештината во носење на стратешкиодлуки низ способноста да препознае момент на актуелни промени на пазарот, како и ефикасна реакција на преземање на значајни чекори за развој на компанијата НОЕЛ. Тој е исклучителен пример за македонски и регионален бизнис-успех и креирање на силен и динамичен стопански систем. Воедно, Главчев покажа посебно залагање и поддршка на младите и спортот, ангажман во корист на широко општествено добро и имплементирање на бизнис и животна филозофија, што се главни причини за одлуката на Господинот Главчев да му се додели оваа специјална награда“ – се вели во соопштението на стручното жири во кое дел се професори и видни личности од земји од поранешна Југославија.

Оваа награда сигурно ќе биде мотив повеќе за Главчев да продолжи со успешната бизнис-стратегија, но и за несебичното помагање на спортот. Неговиот клуб Блокотехна во првата сезона од клупското постоење оствари голем успех стигнувајќи до полуфиналето во плејофот, како и до фајналфор турнирот од БИБЛ-лигата.

Се вчитува...