Првиот човек на „Франс Фудбал“ тврди: Роналдо има само една амбиција, да има повеќе златни топки од Меси

Кристијано Роналдо очајно сака да стане фудбалер кој поседува најмногу награди за најдобар фудбалер во светот. Сепак, Португалецот годинава не е во потесниот избор за наградата, а неговиот најголем ривал Лео Меси е еден од фаворитите за освојување на неговата седма награда.

Првиот човек на „Франс Фудбал“, магазинот кој ја доделува наградата за најдобар фудбалер во светот, Паскал Фере, тврди дека Роналдо има само една амбиција, а тоа е да го престигне Меси по бројот на награди.

„Роналдо има само една амбиција, а тоа е да се закити со повеќе Златни топки од Лионел Меси. Тоа ми го кажа лично“, истакна Фере.

Фере на секој начин се обидува да го скрие името на победникот, а многумина тврдат дека тоа е Меси.

„Многу сме внимателни и победникот е голема тајна. За шест години кога сум на чело на наградата, не сум згрешил. Можам да ви кажам дека ни победникот се уште не знае дека ја освоил Златна топка“, изјави Фаре.

За потсетување, Аргентинецот досега има освоено шест награди, Роналдо пет. Инаку, доделувањето на Златната топка за 2021 година ќе се одржи на 29 ноември.

Се вчитува...