Елиминацијата во групната фаза на Светското првенство доведе до оставка на првиот човек на Фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија.
Претседателот на САФФ, Јасер Ал Мишехал, одлучи да се повлече и да стави крај на својот седумгодишен мандат. Одлуката дојде веднаш откако националниот тим го заврши натпреварувањето како последен во Групата Х, со само два освоени бода, по ремито без голови против Зеленортски острови. Тој резултат значеше и дефинитивно збогување со нокаут фазата, а Ал Мишехал ја презеде одговорноста без да се обиде да ја минимизира сериозноста на неуспехот.
„Ова не е резултат што ги одразува нашите заеднички амбиции. Јас ја преземам целосната одговорност за овој неуспех“, рече Ал Мишехал при поднесувањето на оставката.
На седум Светски првенства, Саудијците успеаја да ја поминат групната фаза само еднаш – во 1994 година во САД, кога стигнаа до осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
