Првиот човек на шпанската федерација – Титулата во Ла лига се освојува на терен

Претседателот на фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, по серијата видео состаноци со врвот на УЕФА говореше околу потенцијалното завршување на Ла Лига. Тој вели дека шпанскиот шампионат би требало да заврши до крајот на јуни.

„Натпреварувањата мора да завршат до 30. јуни, но тој датум не е конечен. Титулата мора да се освои на терен и да нема никакви неправди. Сите гласавме за тие предлози. Сите претставници на сојузот на Европа го поддржуваат овој предлог“, изјави Рубиалес.

Како и поголемиот дел на европските шампионати, така и Ла лига беше суспендирана поради пандемијата од Ковид-19 и се уште не се знае кога ќе биде продолжен шампионатот.

Се вчитува...