Првиот гол во Премиер-лигата – Александр Лаказет (видео)

Не минаа ниту десет минути игра од првиот новосезонски меч во Премиер-лигата меѓу Фулам и Арсенал, а веќе го видовме и првиот гол – дело на Александр Лаказет.

Првата посериозна акција на „топчиите“ беше крунисана со погодок, Вилијан не се снајде најдобро на пет метри од голот на Фулам, но за среќа во „каранболот“ топката стигна до Лаказет, а францускиот напаѓач немаше проблеми да ја смести во мрежата на домашниот состав.

Се вчитува...