Првиот трансфер на „новиот Њукасл“ доаѓа од Мадрид?

Њукасл Јунајтед се подготвува за „новата ера“ на клубот во која „црно-белите“ со најбогатиот газда во светот на фудбалот ќе атакуваат на трофеј во Премиерлигата, но и во Лигата на Шампионите. Првите потези се веќе направени со ангажирањето на Еди Хау, а сега погледите се насочени кон играчкиот кадар.

Како прво засилување на „Сент Џејмс Парк“ се очекува репрезентативецот на Англија, Киран Трипиер, пренесуваат англиските медиуми. 31-годишникот од пред две сезони е дел од Атлетико Мадрид, меѓутоа и покрај тоа што е стандарден играч кај „јорганџиите“ и самиот бек изрази желба за враќање на „Островот“.

Тој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед ова лето, но англискиот и шпанскиот клуб не успеаја да ја договорат цената на трансферот. Со богатиот саудиски газда тоа нема да биде проблем за Њукасл па веќе во јануарскиот пероден рок се очекува поранешниот играч на Манчестер Сити, Барнли и Тотенхем да се врати во татковината.

Се вчитува...