Фенербачхе по пауза од 17 години се врати во Лигата на шампионите и пред своите гледачи одигра без победник против Роа (1:1). Со идентичен резултат и идентично сценарио заврши дуелот и меѓу ПСВ Ајндховен и Шахтар.
Фудбалерите на Рома ја крунисаа подобрата игра во првото полувреме на гости кај Фенербахче со голот на Кристанте во 39-та минута.
Fenerbahçe 0-1 Roma – Bryan Cristante 39′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Фенербахче уште на стартот од второто полувреме, во 48-та минута успеа да дојде до израмнување и тоа преку Браун. Голот на Браун може да го видите на следниот ЛИНК.
До крајот на мечот, иако имаа неколку добри шанси, ниту двете екипи не успеаја да постигнат гол.
На вториот натпревар кој се играше од 18.45 часот, ПСВ Ајндховен и Шахтар одиграа со идентични 1:1 и со идентично сценарио.
Украинскиот тим во последните моменти од првото полувреме го отворија резултатот преку Мендоза. Голот на Шахтар може да го видите ТУКА.
Во второто полувреме, холандскиот шампион исто како и Фенербахче, до израмнување дојде во 48-та минута и тоа преку Сержињо Дест. Голот на Дест може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
