Прволигашката кошарка продолжува во Кавадарци и Скопје

Прволигашките возбудувања во македонската кошарка продолжуваат денеска со три натпревари од 5. коло. Два меча не очекуваат утре, а истото ќе биде комплетирано на 15. ноември со мечот помеѓу МЗТ Скопје и Струмица.

Возбудувањата започнуваат денеска од 18 часот во Кавадарци каде Еуро Никел во обид да се врати на победите го пречекува Кожув. Кавадарчани во овој натпревар влегуваат по серија на два порази едно по друго, додека гевгеличани кои славеа во последната средба ќе целат на влез во победничка низа.

Од 19 часот во СРЦ „Кале“ во натпреварот на колото новалијата Чаир 2030 го пречекува Феникс 2010. Двата тима имаат одличен почетокот на сезоната. Чаир по четири кола има половичен учинок од две победи и два порази, додека Феникс 2010 со 3-1 ќе цели на останување при врвот на табелата.

Богатиот ден ќе биде комплетиран од 19 часот и 30 минути во Кисела Вода каде Академија ФМП ќе има тешка задача да го сопре лидерот на табелата, Гостивар.

Утре не очекуваат дуели во Скопје и Куманово каде Работнички од 19 часот ќе ја бара првата победа во сезоната против ТФТ, додека Куманово рехабилитација од убедливот пораз во Скопје против Пелистер.

Се вчитува...