Прволигашката кошарка продолжува во Скопје, Гевгелија и Кавадарци

Прволигашката кошарка во Македонија се враќа во етерот денеска со три натпревари од 11. коло кои ќе бидат одиграни во Скопје, Гевгелија и Кавадарци. Во нив силите ќе си ги одмерат Чаир 2030 и Струмица, Кожув и Работнички, Еуро Никел и Академија ФМП, а сите започнуваат од 18 часот.

Возбудувањата продолжуваат утре од 18 часот во Куманово каде гостува ТФТ и 20 часот кога Феникс 2010 ќе го пречека Гостивар. Последниот натпревар од 2022 година кој е закажан за 27.12 со почеток од 17 часот воедно го носи и мечот на колото во кој силите ќе си ги одмерат минатогодишните финалисти Пелистер и МЗТ Скопје.

Се вчитува...