Прволигашката кошарка во Македонија продолжува со натпревари во Скопје и Битола

По малата репрезентативна пауза прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со два натпревара од 6. коло. Во нив силите ќе си ги одмерат ТФТ и Кожув од 18 часот во СРЦ „Кале“, односно Пелистер и Чаир 2030 половина час подоцна во „Боро Чурлевски“.

Три натпревари ќе бидат одиграни во сабота со тоа што Феникс 2010 ќе го пречека Еуро Никел во натпреварот на колото, Работнички ќе цели на втората победа во сезоната против Академија ФМП, а богатиот викендашки ден ќе биде комплетиран со мечот помеѓу Гостивар и Струмица.

Последниот натпревар од колото ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“ каде на 22.11. МЗТ Скопје ќе го пречека Куманово.

Се вчитува...