Првотимецот на Манчестер Сити останува во притвор до 24 јануари

Фактот дека си славен фудбалер не значи ништо за британските власти и судови, откако денеска беше продолжен притворот на Бенжамин Менди. Францускиот бек на Манчестер Сити е обвинет за три силувања и еден случај на сексуален напад, по што судот денеска го прифати барањето на обвинителството за продолжување на притворот до почетокот на судењето.

Стартот на судскиот процес официјално е закажан за 24 јануари, а Менди дотогаш ќе остане во притвор за да не може да влијае врз сведоците во случајот.

На Французинот му се заканува повеќегодишна затворска казна доколку биде прогласен за виновен. Манчестер Сити веќе објави дека го суспендира дефанзивецот се до крајот на судскиот случај против него.

Се вчитува...