Првото засилување на Артета ќе пристигне од Лестер?

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета, ќе има тешка задача да ги задржи најдобрите фудбалери во клубот, а шпанскиот стратег веќе ги планира и засилувањата со кои би ги вратил „топчиите“ на победнички патеки. Приоритет на Артета ќе биде засилување на средниот ред, тој веќе одби неколку понуди за Тореира, а во меѓувреме ќе се обиде да го ангажира и Вилфред Ндиди од Лестер.

Овој фудбалер игра во одлична форма во дресот на „лисиците“, веќе одигра 20 средби сезонава постигнувајќи и два погодоци, но Ндиди најмногу од се импресионира со цврстината и авторитетот. Токму тоа му недостига на Арсенал, па Артета нема да жали пари за да го доведе нигерискиот интернационалец во своите редови. „Топчиите“ се подготвени да платат 40 милиони фунти, а оваа сума може да се намали доколку Лестер е заинтересиран во размена за Ндиди да го добие Гранит Џака.

Швајцарецот е еден од оние за кои се најавува дека во јануари сигурно ќе си замине од таборот на „топчиите“, како опција се споменуваше и Херта, но доколку постои можност за директна размена за Ндиди, Артета без размислување ќе даде зелено светло.

Се вчитува...