Првото засилување на Њукасл доаѓа од Порто – цената е 80 милиони евра

Од самото преземање на Њукасл од богатите газди од Саудиска Арабија овој клуб е поврзуван со бројни засилувања за играчкиот кадар, но челниците имаат доволно време да размислат и да ги изберат играчите кои сакаат да ги доведат во јануарскиот преоден рок.

Според британските медиуми, најблиску до трансфер во Њукасл моментно е 24-годишниот Луис Дијаз, одличиот Колумбиец кој игра во животна форма во дресот на Порто и би можел среде сезона да се пресели во Премиер-лигата.

Дијаз настапува на позицијата лев крилен офанзивец, Порто не сака ни да чуе за негова продажба, но Колумбиецот има клаузула за раскин од 80 милиони евра што Њукасл е подготвен да ја активира за да го осигура неговиот потпис.

За официјализација ќе се почека до именувањето на новиот тренер, кој ќе треба да даде „амин“ за првиот скап трансфер на Њукасл во ерата на арапските газди.

Се вчитува...