Првпат во историјата Македонија има финалист на ЕП во атлетика: Стојоски во финалето на 400 метри во Шведска

За првпат во својата историја, македонската атлетика има финалист на едно европско првенство. На Европскиот шампионат 2019 до 23 години кој се одржува во Шведска, атлетичарот на АК Охрид, Јован Стојоски успеа да се пласира во финалето на 400 метри.

Стојоски во полуфиналето трчаше во првата група и со време од 47.02 секунди заврши на третото место, доволно за пласман во финалето. На тој начин успеа да се запише како прв Македонец во финале на еден континентален собир.Претходно во квалификациите Стојоски истрча со време од 47.68 секунди.

Финалето на 400 метри ке се одржи денеска со почеток од 18:32 часот.

Се вчитува...