ПСВ ќе ги „чести“ навивачите билети за реваншот со Арсенал по хаваријата од 7-1

ПСВ ќе потроши повеќе од 200 илјади евра и ќе ги чести сите своите навивачи за реваншот против Арсенал во Лигата на шампионите, после хаваријата од 1-7 на првиот меч. 

Холандскиот клуб објави дека ќе ги покрие трошоците за билетите за сите фанови кои ќе патуваат за Лондон за нивниот реванш осминафинален натпревар. ПСВ веќе нема шанси за пласман во следната фаза, со оглед на огромниот пораз од првиот меч. 

ПСВ за оваа цел ќе плати повеќе од 200.000 евра.

„По разочарувачкиот резултат на домашен терен минатата недела, вашата поддршка и присуство е особено ценета“, се вели во писмото на клубот испратено до навивачите кои купиле билети.

Се вчитува...