ПСЖ продолжи да ги меле противниците во францускиот шампионат откако „светците“ вечерва славеа над Олимпик Марсеј со 3-1. Дуелот на омразените ривали мина целосно во знакот на тимот на Луис Енрике, кој во раната фаза на мечот поведе преку Дембеле.
Доминацијата продолжи и по тој гол, па набрзо следеше и водство од 2-0 со погодокот што го постигна левиот бек Нуњо Мендеш, резултат со кој се замина на одмор.
Гуири ја преполови негативата на гостите од Марсеј, но избраниците на Енрике набрзо се вратија во ритам, со автоголот на Лирола, а во таборот на Олимпик можат да бидат и задоволни што не претрпеа уште поубедлив пораз ако се земат во предвид промашените шанси на ПСЖ во завршницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА