ПСЖ го доведе првото засилување ова лето

Францускиот гигант Пари Сен Жермен е решен да ја врати шампионската титула во свој посед веќе следната сезона, па раководството на клубот тргна во офанзива по нови засилувања. По пензионирањето на Максвел, најпроблематична беше позицијата лев бек, па „светците“ токму таму интервенираа носејќи го првото ново име во овој летен преоден рок.

Јури Берчиче од Реал Сосиедад е нов член на Пари Сен Жермен и потпиша договор на пет години. Тој имаше одлична сезона во Примера и го привлече вниманието на големите европски клубови, а прв реагираше ПСЖ и го доведе на „Паркот на принцовите“ за сума од 16 милиони евра. Тренерот Унаи Емери е убеден дека добро ќе се вклопи во тимот, а спортскиот директор Антеро Енрике почна со успешна реализација на проектот по доаѓањето на новата функција.

Се вчитува...